
Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 28. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло носи интересни двојки.
Во Кавадарци ќе се игра дерби за опстанок меѓу Тиквеш и Брера Струмица, победата е повеќе од потребна на двете екипи кои водат тешка борба за опстанок во елитата. Струмичани го променија тренерот и конечно ја забележаа првата пролетна победа и со тоа ја напуштија опасната зона но имаат само бод повеќе во однос на опасната зона каде што е Тиквеш како претпоследен со 23 бодови.
Беса на домашен терен ја очекува регионално дерби за опстанок во Шкендија од Тетово, со тоа што гостинот ќе биде фаворит за трите бодови во трката за титулата, а пак Беса сака три бодови во трката за опстанок.
Пелистер излез од резултатската криза ќе бара против Работнички на гостински терен, додека пак на Чаир екипата на Силекс ја очекува тежок меч против Шкупи каде трите бодови за гостинот од Кратово му се потребни за титула и следење на чекорот на лидерот Шкендија.
Струга на домашен терен ќе се соочи со Гостивар, а пак Воска Спорт на домашен терен го пречекува разиграниот Вардар, каде домаќинот сака три бодови во тешката битка за опстанок, а пак вардарци со нови три бодови само ќе стават печат на директниот опстанок во Прва лига што беше главна цел.
Натпреварите ќе започнат во 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет