Борец и Осогово во битката за баражот за опстанок во Втора лига – која екипа има потежок распоред?

Борец и Осогово и натаму ја продолжуваат трката за опстанок во Втора лига, остануваат уште шест кола или во игра се 18 бодови, математички и Борец и Осогово можат да дојде до триумф, но реални се шансите дека и двете екипи водат повеќе борба околу баражот, па преку истиот да бараат опстанок во Втора лига.

Борец е претпоследен или во зоната за директно испаѓање со 13 бодови, а пак Осогово е во бараж зоната односно на 14-тото место со 18 бодови, пет повеќе од Борец.

Каков е распоредот на двете екипи до крај од сезоната, која екипа има потежок распоред во борбата за собирање на бодови за опстанок.

Борец веќе во понедленик ќе игра против Брегалница на домашен терен, потоа им следува гостување кај Вардар Неготино, па уште едно гостување кај Македонија ЃП. Велешани потоа на домашен терен ќе играат со Арсими дома, па им следува гостување во Струмица против Беласица и во последното коло дома играат против Охрид.

Ова значи дека реално Борец има три тешки натпревари игра со фаворити како Брегалница, Македонија ЃП и Арсими, додека пак на останатите три натпревари има реални шанси до цел „плен“, но сепак, многу работи може да се случат на теренот, како тоа што Борец извлече бод на тешкото гостување во Куманово кај Башкими, или пак тоа што Брегалница загуби во Неготино.

Осогово има нешто полесен распоред. Веќе во понедленик „жетварите“ гостуваат кај Охрид, потоа дома имаат тежок меч против Башкими, па гостуваат кај Победа, па гостувањето во Прилеп ќе биде тешко бидејќи и Победа ќе биде таа која ќе сака триумф и потврда на директниот опстанок.

Потоа во Кочани екипата на Осогово ќе игра со Новаци, па следува гостување на Осогово кај Саса и во последното коло Осогово против Вардарски.

Според квалитетот најтежок меч за Осогово ќе биде Башкими на домашен терен, додека на сите други натпревари Осогово ќе може да се надева на цел „плен“.

Сепак, околностите на терен се сосема други и може да се случат и изненадувања, пред се затоа што екипите имаат силен мотив да дојдат до потребните бодови во целта – опстанок во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет