Водата за наводнување од ХС Брегалница е пуштена, не очекуваат да се соочат со проблеми

Пуштена водата за надводнување во село Спанчево вече започна полнењето на површините, со што започна и новата наводителна сезона. Состојбата на Хидро системот Брегалница е задоволителна со што оваа година се очекува успешна наводителна сезона. Овој период во кочанскиот регион започна и сеидбата на оризот, со што се очекува навремено да се започне и заврши овој процес.

„Моменталната сосотојба со хидросистемот Брегалница акомулација Калиманци е 109 милиона м3. Ова количина мислам дека ни дава за право дека ќе имаме успешна навадителна сезона. Да веќе е пуштена и Свети Николе веќе имаат и функционира веќе ХС Брегалница“. – Благојчо Богатинов, раководител на АД водостопанството подружница Брегалница Кочани

Од ХС Брегалница биле направени напори за да се зголеми количината на вода со што ќе се решат проблемите, затоа што претходно го исчистиле денсиот магистрален канал и очекуваат плус вода. Минатата година земјоделците протестираа затоа што водата не беше доволна, па годинава се надеваат дека ќе биде подобро.

„Мислам дека нема да ги има тие проблеми, сепак ногу работи зависат и од самите земојделци. Во секоја прилика јас напоменувам дека нема солидарност, не се солидаризира едни со други. Од наша страна како ХС Брегалница се направени напори за да има поголем количина на вода. Ние го чистевме десниот магистрален канал и очекуваме некаде до 500 литир до кубик плус вода да имаме во ХС и на тој начин да ги решиме проблемите. “ – додава Богатинов

Застарената механизација ги правше проблемите претходната сезона. Од ХС Брегалница се соочувале со проблеми во подружницата, па постепено ги решавале.

„До некаде се во право меѓутоа тие ги знаат проблемите во подружницата. Имаме проблем со машинисти, машините во цела сезона беа во дефект, застарената механизација си го направи своето. Меѓутоа мислам дека главните канали се исчистени и нема да има проблем.“ – додава Богатонов

Посочиа дека главните канали се исчистени и не очекуваат оваа година да се соочуваат со проблеми.

Лаура Стојанова, М-Нет