Тричковски заврши со АЕК Ларнака, Кипраните му понудија директорско место во клубот!

Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски завршува со АЕК Ларнака, а многу веројатно е дека ќе стави крај и на неговата играчка кариера, односно популарниот Тричко ќе ги закачи копачките.

Меѓутоа, клубот од Кипар му понудиле на Тричковски директорско место во клубот, бидејќи остави голема трага во историјата на овој клуб, беше капитен изминатите години, најдобар стрелец во историјата на АЕК Ларнака, а беше дел и од најголемите успеси на кипарскиот клуб.

Тричковски за АЕК Ларнака настапува од 2016 година, односно осум години, а во својата кариера беше дел и од Легија Варшава, Ал-Наср, Беверен, Клуб Бриж, АПОЕЛ, Енозис, Црвеза Звезда, Работнички и Вардар.

Се’ уште не е познато дали Тричковски ќе ја прифати понудата на кипарскиот клуб и да влезе во раководните структури на клубот, или ќе продолжи со активно играње фудбал.

Александар Ванев, М-Нет