Ќе има ли конечно триумф за Скопје, дерби на Шкендија и Вардар во победничка форма, Брегалница со предизвик против Арсими

ФОТО: ФК Брегалница

11-тото коло на Првата македонска фудбалска лига го носе големото дерби меѓу вицешампионот Шкендија и шампионот Вардар, кое ќе се игра во Гостивар, а пред соочувањето двете екипи влегуваат во позитивна серија резултати, особено Вардар.

На последни пет средби Шкендија има форма од две победи, две ремија и еден пораз, а пак Вардар е со форма од четири победи и едно реми.

Струга може да добие од оваа дерби бидејќи на домашен терен игра против Скопје, тим кој е на дното и во резултатска криза и без триумф. Тимот од Автокоманда кој го води штипскиот тренер Иван Варадиновски ќе треба да изнајде начин како да дојде до позитивен резултат и за првпат да слави во сезона 2026/2027.

Брегалница има сериозен предизвик против Арсими во гости, каде ќе бара враќање на победничките патеки, а притоа ако „сините“ забележат триумф тогаш Брегалница ќе може на момент да се одлепи од бараж зоната и по вторпат да го добие Арсими во тековната сезона.

Од друга страна тимот од Чегране гледа шанса за да ја напушти бараж зоната, ако го добие дуелот со Брегалница.

Во Кратово ќе се игра мечот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново, каде домаќинот има шанса со триумф да го помине дебитантот, но и да се доближи до позициите за Европа, а пак гостинот ќе бара враќа на победите бидејќи на последните три средби има два порази и едно реми.

Башкими ќе има тешко гостување во Кавадарци против разиграниот Тиквеш, кој ќе има улога на фаворит за петто славје и со тоа да искористи прилика и да избие место погоре на табелата односно да го напаѓа третото, но и второто место.

Александар Ванев, М-Нет