ВМРО ДПМНЕ: Каде е популарната метларка во Штип?

Метларката од 86 илјади евра веќе подолго време ја нема по улиците на град Штип, истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму го прашуваат директорот на ЈП „Исар“, каде е метларката која е купена со народни пари.

„Сите се сеќаваме на популарната метларка од 86 илјади евра бизнис направен од компанијата на Кочо Анѓушев. Меѓутоа, подолго време не сме ја виделе на улиците на нашиот град, па затоа би сакале да го прашаме Магистерот по безбедност, каде е метларката и дали се точни гласините дека е оставена во високите треви во кругот на ЈП„Исар“. Кој ќе носи одговорност за фрлените 86 илјади евра. Како што неодговорно се однесувате кон народните пари така ли го трошите и домашниот буџет. Го повикуваме директорот на ЈП„Исар“ да им објасни на граѓаните затоа што мора да има отчетност за парите на граѓаните.

Каде навистина е метларката одговор побаравме од Директорот на ЈП Исар, Здравко Коцев. Во телефонски разговор тој истакна дека метларката е во дворот на ЈП „Исар“, а поконкретен одговор најави за во текот на утрешниот ден. Се обидовме да ја пронајдеме истата и да ја видиме на лице место, ама бевме спречени од страна на обезбедувањето во јавното претпријатие. Значи, одговорот на прашањето „ Каде е метларката“ се очекува да го добиеме утре.

Лаура Стојанова М-Нет