ВМРО ДПМНЕ: Дали зголемените трошоци за гориво во Исар се за бизнис интерес на директорот?

Зголемени трошоците за горива за 2021 година во ЈП „Исар“ посочија днеска на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Според нив нејасно е како од толку фирми на тендерот добила комапнија на човек блисок до директорот на ЈП „Исар“, па го повикуваат јавно да одговори.

„Исар ги зголемил трошоците за горива во 2021година за пет милиони денари. Претходната година, проекцијата била да се потрошат 15 милиони денари, а оваа година пораснала дури до 20 милиони денари. Но, што е спорно? Нејасно е како од сите можни компании, на тендерот добива компанија на човек кој е пријател на директорот на ЈП„Исар“. Дали 2021 година како година на избори влијаела на зголемување на износот кој ќе се троши за горива, или пак се работи за бизнис интерес на директорот? На овие прашање го повикуваме да одговори лично магистерот за безбедност и да ги реши недоумниците во јавноста“ – истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Одговор побаравме од директорот на ЈП„Исар“ Здравко Коцев, но тој посочи дека одговор ќе има во понеделник.

Лаура Стојанова М-Нет