Пронајден е починат исчезнатиот возрасен маж од кочанско

На 17.09.2021 во Полициската станица Кочани било пријавено дека во одводен канал во с.Соколарци, кочанско, бил пронајден починат С.К.(84) од с.Соколарци, за кој на 14.09.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.