
Огласот за вработување на 6 нови лица во Јавното претпријатие „Стипион“ Штип, основа за денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Впрочем тие обвинуваат за лошата пресметка на Социјалдемократскиот сојуз, бидејќи со парите кои ќе се дадат како плата на нововработените во ЈП „Стипион“ може да се асфалтираат улици, да се направат паркови и слично.
„ Создавајќи поголемо гласачко тело, секојдневно го трошат народниот буџет вработувајќи партиски послушници! Во тек е оглас за 6 нови вработувања во ЈП „Стипион“, кој сите нас ќе не чини 30.500 евра на годишно ниво. Ако на високите функционери од СДС не им оди добро математика, мора да им посочиме дека за овие пари можат да асфалтираат улица, да направат паркови, тротоари или спортски игралишта.“ – беше дел од изјавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Штип.
Одговорност за трошењето на народните пари за вработување на лица членови на власта мора да има посочуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Лаура Стојанова М-Нет