Владо Милев најавува максимален ефект во августовските квалификации за Европското првенство 2026 во одбојка

Македонската сениорска одбојкарска репрезентација е сместена во Маврово каде се одработуваат подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство 2026 година.

Иако резултатскиот императив може да создаде притисок, искусниот примач во нашата репрезентација Владо Милев најавува максимален ефект во квалификации во месец август за Европското првенство во 2026.

Тоа би значело речиси сигурен пласман на четвртиот континентален собир едноподруго.

Македонија првиот меч го игра против Грузија, овој меч е закажан за 17. август, а на 25. август следува квалификацискиот меч против Грција.

Александар Ванев, М-Нет