Јакимов и Цветановски претставени како нови засилувања на велешки Борец

Второлигашот Борец од Велес кој минатата сезона ја помина во Трета лига – Југ и се врати експресно во второлигашкото друштво за новата сезона ги претстави првите летни засилувања. Станува збор за 19-годишниот голман Петар Јакимов и Матеј Цветановски.

Јакимов беше член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, лани беше во Беласица, како позајмен играч од екипата на Работнички.

Цветановски исто така доаѓа од редовите на струмичка Беласица, а претходно 19-годишникот има настапувано за младинските категории на Вардар и Кул од каде и потекнува.

Во следниот период се очекува промоција на нови играчи во Борец, кој веќе одигра и еден пријателски меч против повратникот во Втората лига екипата на Вардарски во Богданци, каде Борец загуби со 2:0, а во следиот период ќе одигра и други пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за новата сезона во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет