
Убави вести пристигнаа денес од Будимпешта, Унгарија. Борачот на БК Балканец Владимир Егоров се пласира во финалето до 57кг. на Европското првенство кое се одржува во Будимпешта. Во 1/4 Владимир го победи борачот од Германија со резултат 5:4, во полуфиналето Владимир извојува победа 10:0 со технички туш против борачот од Ерменија. Во големото финале кое ќе се одржи утре после 18 часот Владимир ќе се сретне со борач од Азербејџан.
БК Балканец информира дека заедно со Општина Штип ќе организираат гледање на финалните борби на Плоштадот Слобода во Штип.