
Второлигашот Слога Виница за новата сезона претстави две нови имиња – се работи за Даниел Иванов кој е повратник и за младиот голманот Максим Краљевски.
Иванов во Виница доаѓа од редовите на шведската екипа Малме Македонија, а претходно во својата кариера настапуваше за повеќе македонски второлигаши.
Голманот Краљевски доаѓа од редовите на младинскиот погон на Вардар, се работи за талентиран голман кој беше еден од клучни шампионската генерација на Вардар.
Слога Виница досега се засили со Божидар Митревски, Давор Богевски и Јован Постолов, како и со Сухејб Рушити и Давид Дебрешлиоски, а беше сочуван костурот на тимот од ланската сезона.
Слога Виница која е предводен од штипскиот тренер Емил Грнев новата сезона ја отвара со гостување во Автокоманда кај некогашниот прволигаш Скопје, а првото коло на програмата ќе биде на 23 август.
Александар Ванев, М-Нет