Високо-неквалитетно високо образование

Високото  образование  како есенционален сегмент на државата бидејки дава  профили и продукти во  сите свери во општесвената дејност навлегува во подлабока криза. Една од причините за тоа е што   високообразовниот систем во нашава држава не делува  компатибилно со другите балкански, европски и вон европски земји. Според согледувањата на вишиот просветен инспекторат за последните две години.

 Ефикасноста  на високо образовниот систем изнесува само 13%, што значи дека од 100 дипломирани студенти само 13 без посебни проблеми можат да најдат добро вработување, соодветно на нивните квалификации, и да се вклучат на пазарот на трудот во Европа. Една од анализите на просветниот инспекторат се однесува на повеке или помалку  на досегашните владината детерминираности од интересите на политичките партии и од теснопартиски апетити и амбиции на луѓе што се стекнале со највисоки научни звања во хипертрофираниот систем на високото образование. Ваквата практика води директно до пад на квалитетот на високото образование.  Но проблемот во високото образование со продукција на неквалитет станува посеопфатен и не е само проблем на државата.

Потребно е преиспитување на хипертрофираната мрежа на високообразовни институции и нејзина рационализација. Ова од причина што голем број од новоотворените факултети се во областа на општесвените науки, што е резултат на лабавите критериуми на акредитација на новите факултети и што директно води кон уништување на квалитетот на наставата и истражувачката дејност, со прекумерна комерцијализација на високообразовната сфера до нелојална конкуренција. Од друга старна пак и сопствениците на дел од пориватните универзитети во државата се на став дека пазарот на трудот е премногудинамичен се се случува со пребрзо темпо  и во светски рамки главниот збор ке го имаат мултинационалните водечки компании како на пример Гугл.

Според констатацијата на директорот на МСУ „Гаврило Романович Державин“, д-р Јордан Ѓорчев Високообразовните институции не само во Македонија туку и насекаде во светот во ваков формат немаат долгорочни изгледи на постоење. Судејки по трендот и темпото кои го диктираат мултинационалните компании од типот на Гугл, сосема се очекувани драстични промени во тој правец .

 Ке замре ли  сегашната инфраструктурна  и функционална  поставеност на  и високообразовнте  институции? Ова секако ќе го покаже идниот тек на случувањата. Она што е извесно кај нас е  неусогласеност на системот на образование со пазарот на трудот во Македонија, што се јавува  како   една од причините за појава и одржување на структурна невработеност и слично. Во тој контетст  и   препораката   на просветниот инспекторат  која  се однесува на инсистирањето  на  коренити промени  и во делот на финасирањето  на високото образование и наука.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет