Фудбалските прволигаши се враќаат на првенствените обврски, денес Вардар – Шкендија, во недела 5 натпревари

Комбинирано денес со еден и утре недела со 5 натпревари ќе продолжат прволигашките фудбалски возбудувања во рамките од 9 првенствено коло. Вниманието на фудбалската јавност е насочено кон средбата во Скопје каде што силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Шкендија. Вардар е далеку од својот шампионски сјај, со nova подмладена екипа која полека се привикнува на првенствените искушенија а Шкендија во моментот е по стабилна екипа, но тоа не значи дека бодовите им се однапред обезбедени. Натпреварот ќе го суди Марјан Гоцевски од Струмица, прв помошник ќе биде Никола Караколев од Штип,втор помошник Ѓорги Станковски а четврти судија ќе биде Ристе Сејменов. Од преостанатите средби секако дека најинтересно ќе биде во Кратово каде што ќе се сретнат екипите на Силекс и на Работнички.Еве ги комплетните парови за ова 9 коло:

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk