
Многу погодоци беа постигнати на натпреварите од 5. коло од Трета лига – Запад.
Колото беше отворено вчера со мечот меѓу Џепчишти и Напредок, каде домашниот тим со 3:2 го доби кичевски Напредок.
Саљиу беше двоен стрелец за домашниот тим, а еден гол постигна и Садики, додека пак за гостите два пати погоди Котевски.
Љуботен дома претрпе пораз од 2:5 од екипата на Речица. Аљоски и Костадиноски беа стрелци за домашниот тим, а пак Абдули и Несими беа двојни стрелци за гостите, а Шефити беше стрелец на еден гол.
Дрита со 2:1 го доби Камјани на домашен терен, а славеше на крилата на Алили и Рушити, за гостите погоди Берзати.
Фаворитот Влазерими на домашен терен со 1:4 го декласираше Зајази. За домашниот тим единствен стрелец беше Руфати, а за гостите погодија Исмаили, Алиу, Хисмани и Имери.