Брегалница подобра од Детонит Плачковица на пријателската во Штип

Прволигашите и второлигашите ја искористија репрезентативната пауза за да одиграат пријателски натпревари пред продолжението од шампионатите.

На Градскиот стадион во Штип прволигашот Брегалница со 2:0 го доби радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица.

Соломон и Ѓорѓиев беа стрелци за победата на “сините”.

Двете екипи се предводени од штипски стратези. Горан Здравков ја води Брегалница, а пак Иван Варадиновски го води Детонит Плачковица.