
На 14.10.2023 во 06.20 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го привеле Ш.С.(34) од Пехчево. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Берово за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.