Високите делови од Штип со намален интензитет на вода во наредните два дена

Утре во раните утрински часови започнува со активности фирмата која го доби тендерот за адаптација на филтер станицата во Штип да добива вода од  хидросистемот Злетовица. Станува збор за пообемен зафат, не едноставност во извршувањето на задачите па од овде и недостатокот на вода кој ќе го почувствуваат најпрво повисоките делови во Општина Штип.

„Ќе се започне од утринските часови и мора двата цевководи да се сопрат од каде добиваме сирова вода во нашата филтер станица и ќе се троши водата што ја имаме само во резервоарот кој е 1700 метри кубни“ – истакна Тасев

Овие активности се прават бидејќи до постоечката филтер станица ќе се прави нов објект каде што ќе се монтираат сите елементи за филтрација на водата која треба да се добие од хидросистемот Злетовица. Тасев со апел до граѓаните да имаат разбирање бидејќи се работи за нивно добро.

Оваа инвестиција е вредна 4 ипол милиони евра, и со ова се добиваат нови 300 литри вода во секунда. Населбата „Балканска“ е веќе приклучена на филтер станицата во Штип, а се очекува приклучување и на Чардаклија и на населба „Насеље“. Информациите се од страна на компанијата која ќе ги врши активностите, а тендерот на активности треба да заври до ноември годинава, со тенденција истиот да биде забрзан.

Лаура Стојанова М-Нет