Ивица Јорданов: Секоја гитара носи приказна, уживам во моето хоби

Секој занает има свое значење и тајна. Секој со своја приказна зад себе, неговата приказна е поврзана со поправки на гитари и други жичани инструменти, во своето гитарско катче во Штип. Станува збор за гитаристот од групата „Морал“, денес со заедничка соработка со Коки и Тајфата- Ивица Јорданов. Вљубеник во своето хоби, неговиот живот е поврзан само со музиката. Искрената и чиста љубов кон гитарата, неговата креативност  го води кон проучување, и учење за нив. Усовршувајќи и напредувајќи повеќе од 15 години се исполнува со оваа професија. За која можеме да кажеме дека Ивица Јорданов е единствениот за кој штипјани се горди на него. И од генерација на генерација ја пренесува својата дарба и љубов кон гитарата.

„Почнав од свои 13/14 години. Првата гитара ја добив на 6годишна возраст. Љубовта кон музиката, од секогаш постоела во мојот живот. И овие поправки на гитарата, се мое задоволство. Ова е моето хоби и уживам во него“. Изјавува, Јорданов

Во своето катче каде самиот вели дека, е исполнет и среќен што со ова хоби ја доживува секоја приказна на гитарата. Па, колку време му одземаат поправките за истите?

„Секоја гитара и нејзината изработка се различни и одземаат време. Зависи од начинот на поправки. Алатот и материјалот, сето она кое што ми е потребно го има и кај нас“. Изјавува, Јорданов

За жал глобалната пандемија со Ковид-19 што го обиколи светот, се одрази и врз музичката индустрија. Без разлика на ситуацијата и од дома можеме да твориме. Вели, Јорданов.

Во план се и припреми  со бендот „Морал“ во чест на Влатко Илиевски. Неговите личност и дело остануваат во нашите срца, преку песна да го пренесуваме на идните генерации. Вели, Јорданов

Надица Стојковска/ М Нет

Дарко Лазев/ М Нет