Потребно е разбирање од институциите, додека се реконструира обиколницата во Штип, за најдоброто на штипјани

Неспорна е ситуацијата со реконструкцијата на обиколницата во Штип, која ќе создаде метеж и гужва по улиците низ Штип. Со пренасочувањето на возилата низ градот по Исарот, се зголемува и сообраќајниот неред, пред се во извршувањето на секојдневните и работни обврски на штипјани од една страна, а од друга страна и брзината на движење и ефикасноста на амбулантните возила кон Клиничка болница Штип, и надвор од неа кон Скопје. Меѓутоа градоначалникот на Штип, Николов со оптимистички став, за разбирање од институциите за најдоброто на граѓаните.

„Во нашата општина се поставуваат патокази кои што сеуште се покриени, не се пуштени во употреба и налагаат дека нашата општина односно дел од истата кои што патишта припаѓаат на ЈПДП, ќе биде пренасочен сообраќајот Радовиш – Скопје и тоа ќе биде огромен проблем за нас.“ – кажа Николов.

Патиштата се доста значаен сегмент како за приватниот, физичкиот  така и за стопанскиот сектор во нашата држава. Временскиот период кој ќе биде потребен за реконструкција на обиколницата односно патниот правец Радовиш Скопје,  е 6 месеци според приватната фирма која ќе го изведува целокупниот зафат. Патна сигнализација на двата излези од Штип веќе е поставена, но сеуште не е пуштена во употреба, а станува збор за знаци кои го покажуваат текот на движење по улиците низ градот под Исарот.

Лаура Стојанова М-Нет