
Кошаркарите на Соколи со победа ја затворија 2025 година, откако кошаркарите на штипскиот клуб со 74:62 славеа во 11. коло на Првата кошаркарска лига и со тоа се затвори есенскиот дел од шампионатот.
Овој триумф е исклучително важен за штипјани, кој ги носи на ефект од осум победи и два порази, а со тоа и делба на првото место на табелата во групата Б со екипата на Струмица ФМП.
По двете одиграни четврти тимот од Штип водеше со 39:25, а до крајот на мечот Соколи само ја сочува предноста која ја стекна и стигна до победа од 74:62.
Капитенот Караколев реализираше 24 поени, Хамилтон имаше 13, а пак кај Бутел прв беше Киров со 17 поени, а Хот имаше десет поени.
Во однос на останатите резултати го групата Б тимот на Борец Баскет со 127:50 го декласираше Струмица Ролинг, Овче Поле немаше сили за Струмица ФМП и загуби со 59:96, а пак Спортисимо беше слободен.
Со по 18 бодови Струмица ФМП и Соколи го делат првото место, Борец е трет со 16 бодови, Бутел е четврти со 15 бодови, петти е Овче Поле со 13 бодови, Струмица Ролинг е шеста со десет бодови, на дното е Спортисимо без победа и девет бодови.
Во групата А тимот на Вардар загуби од Мега Баскет со тесни 111:107, Црн Дрим го доби езерското дерби со Охрид со 75:66, Младинец беше декласиран од Тетекс со 61:91, а Водно Санс беше слободен.
На табелата Вардар и Мега Баскет го делат првото место со по 18 бодови, Охрид е трет со 16 бодови, Водно Санс четврти со 14 бодови, Црн Дрим е петти со 13 бодови, Тетекс е шести со 11 бодови, на дното е Младинец без триумф и позитивен резулта со девет бодови.
Александар Ванев, М-Нет