Момче од Битола двапати нападнато во Штип, еднаш од поранешната девојка, потоа од нејзин сограѓанин

На 10.08.2025 во 23:40 часот во СВР Штип, Р.Т. (21) од Битола пријави дека околу 22:00 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип, бил физички нападнат од Д.Б. од Штип, со која претходно бил во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (11.08.2025) во СВР Штип е пријавено дека околу 00:10 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, Б.Б. (19) од Штип се обидел физички да го нападне Р.Т. (21) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.