(ВИДЕО) Џамбаски не е на македонската граница, со цвеќе Делчев го слави во Благоевград

Ангел Џамбаски од Благоевград го слави Делчев.

Екипата на ,,Макфакс” лоцирана на границата посочува дека Џамбаски не е помеѓу насобраните граѓани кои чекаат за влез во нашата држава.

Во видео порака тој изјави дека тоа што во моментов се случува на граничните премини со Република Северна Македонија е апсолутен срам.

Во зависност од ситуацијата на границата, Џамбаски и останатите симпатизери на бугарското ВМРО, ќе одлучат дали ќе патуваат до Скопје.

Текстот (ВИДЕО) Џамбаски не е на македонската граница, со цвеќе Делчев го слави во Благоевград е превземен од МАКФАКС.