Наскоро ќе започнат градежните работи за адаптација на Филтер станицата во Штип за преработка на водите од Хидросистемот „Злетовица“. Изведувач на работите е компанијата „Искра“ чија понуда е избрана како најповолна на тендер на Министерството за земјоделество, шумарство и водостопанство. Градот се шири, вели Бочварски, потребите на индустријата растат, а со вклучување на водата од Злетовица ќе се постигне испорака на дополнителни 300 литри во секунда, што според пресметките ќе ги задоволи потребите од вода за Штип во наредните сто години.