Весна Ристовска нова претседателка на ОО на СДСМ во Пробиштип

СДСМ продолжува со процесот на кадровско освежување и организациско зајакнување на партиските структури, а во рамки на овие промени ново раководство доби и општинската организација во Пробиштип.
Со одлука на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за нова претседателка на Општинската организација на партијата во Пробиштип е назначена Весна Ристовска.
Ристовска е актуелна советничка во Советот на Општина Пробиштип, а своето професионално искуство го градела во приватниот сектор. Таа е позната и како долгогодишна активистка, како и поранешна претседателка на Форумот на жени на СДСМ во Пробиштип.
Од партијата посочуваат дека назначувањето е дел од поширокиот процес на организациско јакнење и внесување нова енергија во општинските организации, со цел поефикасно дејствување на терен и поблиска комуникација со граѓаните.
Кадровските промени доаѓаат во период кога СДСМ ја промовира новата платформа „Твоја држава, твоја шанса“ и најавува нова фаза на политичко дејствување, насочена кон поголема вклученост на членството и засилено присуство во локалните средини.