
Дербито на 15. коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток ќе се одигра во Свети Николе каде силите ќе ги одмерат Овче Поле и единствениот непоразен тим Победа од Валандово.
Ова е соочување на две екипи кои претендираат за првото место, кое место води кон второлигашкиот бараж. Влогот од овој меч е голем, а со тоа и притисокот кај двете екипи е голем.
Овче Поле со 31 бод е лидер на табелатата, а пак непоразената Победа е втора со 29 бодови, со тоа што тимот од Валандово има два меча помалку од тимот од Свети Николе.
Струмичко дерби ќе одиграат поранешниот вицешампион на Македонија, Хоризонт Турново против Тиверија, а пак во Дојран силите ќе ги одмерат Дојранско Езеро и Карбинци.
По откажувањето на Рудар и Светлост, во секое коло има по три слободни екипи, па така во рамки на 15. коло ќе одмараат Ударни, Брегалница и Малеш од Берово.
Александар Ванев, М-Нет