
Вардар ќе го предизвикува лидерот Крива Паланка на домашен паркет во рамки на 19. коло на Првата женска кошаркарска лига. Двете екипи играат во фантастична форма, а тоа што Вардар успеа да слави во претходното коло кај шампионот Баскет Кам од Македонска Каменица му дава силен мотив на тимот на Вардар.
Крива Паланка има пет победи во низа и игра во фантастича форма и ќе се обиде да дојде до нов триумф и да биде сигурна на првата позиција. Ова ќе биде дербито на колото.
Тимот од Македонска Каменица нанижа три порази во низа, па излез од резултатската криза шампионот Баскет Кам ќе бара на гостински терен кај Пробаскет.
Бадел како голем фаворит на домашен терен ќе игра против последнопласираниот Спорт Тим.
Колото ќе се затвори во недела со натпреварот меѓу МЗТ Бела Вода и Патриот од Делчево, ова ќе биде исклучително важен натпревар за „патриотките“ да врзат за првпат две победи во низа сезонава, но со тоа и да бидат сигурни со опстанокот во елитата.
Александар Ванев, М-Нет