Во Виница ќе се игра натпревар за прв пролетен триумф во Втора лига

Утрешното 23. коло на Втората македонска фудбалска лига го носи мечот во Виница за прв пролетен триумф – Слога ќе ја пречека Победа, соочување на две екипи кои веќе се испаднати во Трета лига, а кои ќе го бараат првиот пролетен триумф.

Двете екипи се во долниот дел од табелата, Слога Виница во пролетниот дел успеа да освои само еден бод откако ремизираше со Големо Коњари, а пак Победа нижи само пролетни порази.

Ова ќе биде меч за престиж бидејќи друго и нема што да донесе, ако е за утеха можеби мал прогрес на табелата во зоната за директно испаѓање.

Слога Виница по една сезона во Втора лига се враќа назад во Трета лига – Исток, а клубот се одлучи во пролетниот дел да им даде шанса на свои деца, а истото го прави и Победа.

Ако Слога Виница триумфира ќе има 11 бодови, колку што има и Победа и двете екипи ќе се израмнат за делба на 14. место, триумф за Победа ќе значи 14 бодови и можност да направи мал скок од една позиција.

Натпреварот во Виница започнува во 15:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет