Вардар утре гостува во СРЦ „25 Мај“, ракометарите на Радовиш очекуваат поддршка од публиката и навивачите!

ФОТО: Александар Ванев, телевизија М Нет

Утре во СРЦ „25 Мај“ гостува повеќекратниот македонски и двократен европски шампион Вардар, каде во рамки на 3. коло од Суперлигата ќе се соочи со повратникот Радовиш.

За Радовиш тоа ќе биде спортски празник бидејќи доаѓа големиот Вардар кој во новата сезона ќе атакува на освојување на титулата.

Ракометарот на Радовиш, Ристе Атанасов вели дека очекува поддршка од радовишани и од навивачите на мечот против Вардар, Атанасов додава дека немаат никаков притисок против било кој противник

Радовиш имаше тежок распоред, меѓутоа и од тој тежок распоред има позитивно во тоа што радовишани добиваат на време за воигрување пред клучните натпревари каде радовишани практично треба да освојуваат бодови потребни во борбата за опстанок.

Натпреварот меѓу Радовиш и Вардар се игра утре со почеток од 18:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет