
В недела се играат натпреварите од 6. коло на Првата македонска фудбалска лига, коло кое ни носи два дерби натпревари.
Освојувачот на Купот на Македонија екипата на Тиквеш на домашен терен ќе го пречека најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар во меч каде императив ќе бидат три бодови.
Двете екипи силно ја посакуваат победата, атмосферата која ќе ја приредат верните „Лозари“ и верните „Комити“ ќе направи одлична атмосферата како и во минатото со што оваа дерби ќе биде вистински предизвик за трите бодови.
Дерби ќе гледаме и покрај Охридското Езеро шампионот Струга Тим Лум ќе се соочи со Шкупи во натпревар каде трите бодови исто така ќе бидат императив и важни во трката за титулата.
Струга ја брани титулата, а трите бодови ќе им бидат потребни со цел да може да застанат на врвот од табелта, а од друга страна Шкупи нема право на грешка по лошиот старт на сезоната кој предизвик тренерска промена.
Силекс на домашен терен ќе се соочи со непоразениот Гостивар. Од секогаш теренот во Кратово важел за тежок терен каде тешко се освојуваат трите бодови, а тоа ќе биде голема предност за Силекс во обид прв да го совлада Гостивар.
Шкендија во Тетово ќе ја пречека Воска Спорт во натпревар каде поранешниот шампион на Македонија ќе биде фаворит против гостинот од Охрид, кој и со бод би бил задоволен од тешкото гостување во Тетово.
Работнички одлично ја отвори сезоната во Првата лига и го дели врвот од табелата со Шкендија со по 11 бодови, „романтичарите“ немаат пораз во новата сезона, но во Купот беа елиминирани уште во првата фаза од третолигашот Шкендија Арачиново и тоа е повеќе од доволен знак дека не треба да се опуштаат барем сега кога остануваат со натпревари во првенството.
Работнички на домашен терен ќе се соочи со Брера Струмица, која со новиот тренер Горазд Михајлов се врати на победничките патеки.
На Градскиот стадион во Гостивар ќе се соочат двата нови прволигашите, дебитантот Беса ќе го пречека повратникот Пелистер, две екипи кои одлично се познаваат од минатата сезона кога практично ја водеа борбата за тоа прво место.
Ова ќе биде натпревар за три бодови, натпревар за втора сезонска победа.
Сите натпревари се играат в недела од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет