Вардар слави во дербито со Тиквеш, Силекс поразен во Кратово од Гостивар

Со голот на Закариќ екипата на Вардар слави над Тиквеш во дербито на 6. коло на Првата лига со минимални 0:1.

Беса дома загуби со 2:3 од екипата на Пелистер, каде Селмани беше двоен стрелец за екипата на Беса, а за Беса погодија Керим, Ивановски и Катаниќ.

Дебакл на шампионот Струга Трим Лум на домашен терен од Шкупи каде Радич си постигна автогол, а Фабрице беше стрелец на два гола за 0:3.

Работнички и Брера ремизираа играјќи 1:1. Ристовски погоди за екипата на струмичани, а пак Белица за конечните 1:1 во 74. минута. Од 52. минута струмичани беа со играч помалку на теренот, откако Руатубјаје заработи црвен картон.

Шкендија преку двата гола на Бесарт Ибраими и погодоците на Адеми, Крстевски и Адили дојде до победа од 5:1 над Воска Спорт, а Јахја беше единствен стрелец за охриѓани.

Силекс дома беше поразен со 1:2 од екипата на Гостивар, откако за Силекс погодои Ѓорѓиевски, а за гостинот стрелаа Огузхан и Зука.

Александар Ванев, М-Нет