
Детонит Плачковица ја израдува домашната публика со победа над екс прволигашот Скопје на Градскиот стадион во Радовиш со минимални 1:0.
Стрелец на победничкиот гол за радовишани беше Стефан Бабунски кој погоди во финишот на првиот дел. Тренерот Горан Здравков во изјава за М Нет истакна дека за нив ова е важна победа, психилошки тежок натпревар против екипата на Скопје.
„Важна победа за нас, психолошки тежок натпревар, задоволен сум од играта на играчите, но не и од реализацијата. Креиравме седум до осум стопроцентни шанси за гол мора да постигнуваме повеќе голови. Честитки до играчите за желбата за победа и карактерот кој го покажаа. Благодарност до публиката за поддршката која ни ја даваше во текот на целиот натпревар“, рече Здравков за М Нет.
Веќе во среда Детонит Плачковица гостува во Кочани кај Осогово во мечот од 4. коло.
Александар Ванев, М-Нет