Вардар се раздели со Сусо и Марјан Ристовски

ФОТО: Телевизија М Нет

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар им се заблагодари на Кеба Кебел Сусо и на Марјан Ристовски кои во иднина нема да го носат вардаровиот дрес.

Напаѓачот од Гамбија во дресот на Вардар мина шест месеци, одигра 13 натпревари, но не постигна гол.

Во следната сезона дресот на Вардар нема да го носи и Марјан Ристовски – Швајц, кој одигра 15 натпревари минатата сезона во дресот на Вардар и беше клучен играч во борбата за опстанок на Вардар во Првата македонска фудбалска лига. Ристовски во Вардар пристигна од Силекс овој јануари во зимскиот преоден рок.

Според најавите Вардар во следната сезона ќе има стабилен буџет, а со тоа се очекуваат и квалитетни засилувања со што Вардар би се борел за горниот дел од табелата и би бил стабилен, со цел да не се повтори минатата сезона кога Вардар преку бараж со Детонит Плачковица го бараше опстанокот во Првата лига.

Александар Ванев, М-Нет