Борец ги закажа подготовките за новата сезона од Втората лига како повратник!

Екипата на Борец од Велес по една година се врати во Втората македонска фудбалска лига, откако како шампион на Трета лига – Југ играше бараж против шампионот на Трета лига – Запад екипата на Влазерими од Кичево и со 3:2 славеше во Битола за експресен кам-бек.

Велешката фудбалска гордост го закажа стартот на подготовките за новата сезона од Втората лига за 20. јуни односно утре, а веќе се работи на кроиење на ростерот за новата сезона.

Борец имаше турболентен период откако испадна од Првата лига, експресно испадна и од Втората лига со само два освоени бодови, но по една година во Трета лига – Југ се врати во второлигашкото друштво.

Со Борец во Втората лига по 27 години се врати и Вардарски од Богданци, а пак Победа преку баражот се избори за опстанок совладувајќи го Куманово, шампионот на Трета лига – Север.

Александар Ванев, М-Нет