
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе ја оствари својата прва победа со Ферари во Европскиот шампионат на ридски патеки. Популарниот Иџе беше најбрз на трката Глазбахренен во Германија.
На петтата сезонска трка Стефановски дојде до првиот триумф оваа сезона, за Македонецот тоа беше прва радост во Ферари со кое се трка сезонава.
„Неверојатен викенд во Германија. Благодарност до сите мои македонски фанови кои дојдоа овде за да ми дадат поддршка“, рече Стефановски.
На генералниот пласман во сите конкуренции во Европскиот шампионат на ридски патеки Стефановски се наоѓа на шестата позиција на табелата.
На програмата следната трка е во Италија, потоа следуаат трките во Полска, Швајцарија, Словенија и последно во Хрватска.
40-годишниот Стефановски е најпопуларниот и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки.
Александар Ванев, М-Нет