Вардар против Струга Трим Лум во големото финале од Купот на Македонија

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Вардар и Струга Трим Лум ќе ги одмерат силите во големото финале од фудбалскиот Куп на Македонија, откако двете екипи ги заверија билетите за финалето.

Вардар одигра 1:1 против Брера во Струмица, но на првиот меч славеше со 3:0, па така со вкупен резултат од 1:4 патува во големото финале.

Струга Трим Лум ремизираше дома со Шкендија од Тетово играјќи 1:1 на реваншот, откако на првиот меч стружани во Тетово беа подобри со 1:2, па така Струга патува во финалето.

Големото финале од Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга Трим Лум е закажано за 21 мај.

Победникот во финалето односно освојувачот на Купот на Македонија обезбедува излез во фудбалска Европа, па тоа ќе биде дополнителен мотив и за двете екипи.

Минатата сезона Тиквеш го освои Купот на Македонија за првпат, откако триумфираше над Воска Спорт во историското финале на двете екипи, па така ова година Купот ќе добие нов освојувач.

Александар Ванев, М-Нет