
Вардар и следната година ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, откако во баражот славеше со 2:0 над радовишки Детонит Плачковица.
“Комити” грмеа во еден глас за Вардар, најтрофејниот македонски фудбалски клуб и следната сезона ќе игра во македонската фудбалска елита, а Детонит Плачковица останува во Втора лига, но за оваа златна генерација мора да им се честита за овој историски успех.
Дејан Ѓуриќ прв погоди за 1:0, а Лука Сушњара погоди за 2:0 на полувреме.
Во вториот дел Вардар го бараше и третиот гол, а како изменуваше времето така “Комити” ја најавуваа големата прослава за опстанокот на Вардар.
Детонит Плачковица имаше свои шанси и направи притисок, но тоа не вреди со плод, а на таквите пропуштени шанси најмногу реагираше шефот на стручниот штаб на радовишани, Иван Варадиновски.
Вардар преку бараж го избори опстанокот и следнатљ сезона ќе игра во Првата лига, а историската сеозна за Детонит Плачковица заврши со пораз во баражот, но за нив оваа генерација останува златна генерација со најголем историски успех.
Александар Ванев за М Нет од Струмица