
Борбата за титулата во ракометната Суперлига ќе ја водат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и Вардар, двете екипи се израмнети на врвот од табелата во плеј-офот со по 13 бодови.
Вардарци имаат учинок од пет победи и едно реми, со најмногу постигнати погодоци вкупно 190, а има римено најмалку заедно со Еурофарм Пелистер со по 160 гола.
Битолчани имаат учинок од пет победи и еден пораз, пораз токму од Вардар.
Екипата на Алкалоид е трета на табелата со освоени девет бодови и учинок од три победи, едно реми и два порази, а пак Охрид е на четвротото место со пет бодови на своето конто.
На петтата позиција е Тиквеш со три бодови, а Бутел е последен со два бодови на своето конто.
Директно испаѓање од Суперлигата ќе нема, бидејќи Борец ФЛ од Велес беше исфрлен од лигата, па така сега меѓу Радовиш и Струга ќе се води битка за тоа кој да игра бараж за опстанок со вториот од плеј-офот на Првата лига.
Александар Ванев, М-Нет