Радовиш против шампионот Еурофарм Пелистер, Вардар домаќин на Тиквеш

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Натпреварите од 20. коло на ракометната Суперлига ќе се играат во три дена, од петок од недела.

Колото ќе биде отворено во петок со мечот меѓу Алкалоид и Пролет, каде тимот на Кирил Лазаров ќе биде фаворит за победа после тој голем пораз во Битола од шампионот.

В сабота Вардар на домашен терен како фаворит ќе игра против Тиквеш од Кавадарци, а пак понеизвесен меч ќе има меѓу Прилеп и Струга, каде и двете екипи ќе бараат излез од резултатската криза.

Бутел на домашен терен како голем фаворит ќе игра против Борец Ф.Л. од Велес, а пак Охрид како фаворит ќе го пречека тимот на Куманово.

Колото ќе се затвори во недела со натпреварот меѓу Радовиш и шамионот Еурофарм Пелистер, а каде битолчани ќе бидат апсолутни фаворит во меч кој се игра со почеток од 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет