
Македонскиот шампион Вардар заврши со европските настапи, откако беше на чекор да обезбеди пласман во третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, но прими гол во самиот финиш што го однесе мечот во продолженија. Во регуларниот дел резултат беше 1:2 во полза на Вардар, а во продолженија Рига стигна до триумф од 5:2 и со тоа обезбеди пласман во следната фаза.
Вардар резултатот го отвори во 17. минута преку гол на Давид Бабунски, но само две минути подоцна следуваше црвениот картон на Филип Најдовски како последен играч во одбраната и со тоа скопскиот тим беше со играч помалку на теренот до крајот на мечот.
Во 66. минута од средбата Азер Омерагиќ постигна гол по одбиена топка за водство на Вардар од 0:2. Таман во финишот „црвено-црните“ беа на чекор до можност за продолжува на европските настапи , следуваше гол на Таиву за 1:2 и со тоа мечот доби продолженија, каде Рига направи комплетен пресврт за конечни 5:2.
Како голем предизвик се покажа фактот што Вардар играше со човек помалку на теренот и тоа влијание директно, сега шампионот ќе се насочи кон одбрана на титулата во Првата македонска фудбалска лига, а фокусот ќе биде ставен и на Купот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет