
Денес беа одиграни натпревари во рамки на 14. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ, каде непоразениот лидер Вардар од Неготино со убедливи 6:0 го „здроби“ Младост од Кривогаштани.
Повеќе од јасно беше дека Вардар ќе ја оправда довербата пред домашната публика, а тоа беше крунисано со убедлива победа од шест погодоци. Пане Гогов и Даниел Буровски беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Ѓорѓи Шишков и Борче Гогов.
Големо Коњари слави голема, но минимална победа од 1:0 во дербито со Превалец, а стрелец на единствениот победнички погодок беше искусниот Михо Андреевски, кој погоди во 76. минута.
Бучин со убедливи 3:0 славеше над Марена на домашен терен со погодоци на Сашо Талевски, Ѓорѓија Мургоски и Зоран Мирчевски. Со идентични 3:0 славеше и Слога на домашен терен против Обшрани, а овде стрелци за домашниот тим беа Угљанин, Фазлиоски и Волчески.
Дербито помеѓу некогашниот второлигаши Росоман и Питу Гули заврши без победник и без погодоци (0:0) со поделба на бодовите.
Во оваа коло слободна беше екипата на Локомотива од Градско.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:
