
Денес беа одиграни петте натпревари од 14. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Во Чешиново паднаа дури десет погодоци, а голеадата ја доби Академија Чешиново-Облешево, која со 6:4 го доби Рудар од Пробиштип. Во првиот дел паднаа четири погодоци, а на полувреме домашниот тим имаше водство од 3:1.
Влатко Коцев постигна четири погодоци, а по еден постигнаа Стојанов и Стојчевски за домашните, за Рудар хет-три забележа голгетерот Марио Атанасовски, а еден гол беше дело на Андријан Георгиевски. Гостите можат да жалат за овој резултат, бидејќи имаа неколку стопроцентни шанси кои не ги реализираа.
Брегалница среде Делчево беше поразена од Овче Поле со високи 1:3. Гостите од Свети Николе на полувреме имаа водство од 0:1 со голот на Трендафилов. На стартот од второто полувреме домашниот тим преку Стаменовски го израмни резултатот на 1:1 и се врати Брегалница во игра за цел „плен“.
Сепак, радоста на Брегалница не траеше долго, бидејќи Симонов во 66. минута обезбеди нова предност за Овче Поле од 1:2, а во 83. минута Трендафилов со втор гол стави печат на нова победа за Овче Поле од 1:3.
Спартмани со минимални 1:0 славеше над Карбинци на домашен терен во Градско Балдовци, а херој за домашниот тим беше Живко Гоцев, кој со гол во 90. минута обезбеди три бода за неговиот тим, кој направи прогрес на табелата и изби пред Карбинци.
Осогово доцна во вториот дел го скрши отпорот на Дојранско Езеро и со 1:2 триумфираше во Дојран. Херој за „жетварите“ беше двојниот стрелец Тоше Манов, кој во 74. и 85. минута погоди за 0:2, а Јован Ајцев во 89. минута го ублажи поразот на 1:2.
Реми со по еден гол (1:1) беше исходот од соочувањето на Малеш и Вардарски на Градскиот стадион во Берово.
Домашниот тим прв стигна до водство преку Бојан Радински во 54. минута, а Илија Баламов во 85. минута ги постави конечните 1:1 и обезбеди бод за Вардарски.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:
