Вардар без милост го „уништи“ Обршани со СЕДУМ гола, Превалец и Питу Гули потфрлија

Непоразениот лидер Вардар од Неготино ништо не го запира на патот кон нов бараж за влез во Втора лига, а денес без милост „вардарци“ со превисоки 7:0 го „уништија“ Обршани, кој во Неготино немаше сили ниту на момент да му парира на пресилниот Вардар.

Двојни стрелци на Градскиот стадион во Неготино беа Петар Најдов и Дарко Нацев, а по еден гол постигнаа Ристовски, Неделков и Мојсовски.

Превалец се „сопна“ и одигра 2:2 со Бучин на гостински терен. За домашниот тим двоен стрелец беше Мицески, а за гостите погодија Маневски и Стојанов.

Марена конечно победи, откако на домашен терне со 3:1 беше подобра од Младост од Кривогашнита. Хет-трик за домашниот тим поситгна Роналдо Фазлиов, а за гостите единствен стрелец беше Чапкуноски.

Питу Гули загуби на гостувањето во Градско од ланскиот второлигаш Локомотива со 2:0. За домашниот тим стрелци беа Петров и Шабаноски.

Слога со убедливи 4:1 го декласираше некогашниот второлигаш Росоман на домашен терен. Колашинац беше двоен стрелец за домашќините, а по еден гол постигнаа Угљанин и Стојаноски, а пак за гостите единствен стрелец беше Дуков.

Слободна беше екипата на Големо Коњари.