Фаворитите за Втора лига според планот: Нови победи за Новаци и Кораб во Трета лига – Југозапад

Фаворитите за бараж за Втора лига според планот, Новаци и Кораб прокнижија нови три бодови и не попуштаат на патот кон пласман во второлигашкото друштво.

Новаци на домашен терен послесно од очекуваното стигна до три бодови, откако со 3:0 славеше над Преспа од Ресен. Стефан Јовановски уште во 9. минута го отвори резултатот за водство на Новаци од 1:0. На стартот од вториот дел Михаил Котевски ја погоди противничката мрежа и ја дуплираше предноста, а пет минути пред крајот Ице Марковски постигна гол за конечни 3:0 и потврда за трите бодови.

Ланскиот второлигаш Кораб на гостувањето во Грнчари славеше со 0:2 над Лирија. По еден гол беше постигна во првиот и вториот дел од натпреварот. Фатјон Леши во 15. минута го отвори резултатот и обезбеди предност за гостите од Дебар, а Таулант Влаши во 54. минута ја потврди победата од 0:2 за Кораб.

Демир Хисар на домашен терен беше убедлив со 4:1 над Влазними. Двоен стрелец за домашниот тим на Градскиот стадион во Демир Хисар беше Стевче Ангелевски, а по еден гол постигнаа Виктор Ѓорѓиовски и Дарко Ангелевски.

За гостите единствен стрелец беше Предраг Чакаревски, кој стрелаше во 30. минута.

Интересен, возбудлив и неизвесен меч одиграа Иднина Боровец и Сатеска од Волино, откако гостите со 2:3 беа подобри благодарение на трите погодоци на Никола Секулоси, кои ги постигна за 13 минути. За домашниот тим погодија Нуроски и Нуредини.

Јанг Тим со 3:2 славеше на домашен терен против Кравари, благодарение на двата погодоци на Сеит Крекра кој беше двоен стрелец. Стрелец на третиот гол за Јан Тим кој беше постинга во 83. минута беше Абил Шаќири, а пак за гостите двоен стрелец беше Алимовски.