Варадиновски смета дека не заслужиле да загубат од Башкими, Јанакиевски е задоволен!

Екипата на Детонит Плачковица со минимални 1:0 загуби од Башкими во Куманово во рамки на 22. коло од Втората македонска фудбалска лига, во меч каде Ќаили беше стрелец на победничкиот гол.

Во изјава за М Нет телевизија по завршувањето на мечот тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски, вели дека не заслужиле да загубат од Башкими во Куманово.

ИЗЈАВА Иван Варадиновски, тренер на ФК Детонит Плачковица

Изјава за М Нет телевизија по мечот во Куманово, кој можевте да го следите во живо на спортскиот канал М Нет Спорт даде и тренерот на Башкими, Баже Јанакиевски кој вели дека е натпеварот бил израмнет, но тој е задоволен, а додава дека резултатот е реален.

ИЗЈАВА Баже Јанакиевски, тренер на ФК Башкими

Башкими го забележа својот десетти сезонски триумф и се наоѓа на седмото место на табелата со 34 бодови, а пак Детонит Плачковица е на третото место со 45 бодови на своето конто.

Александар Ванев, М-Нет