Еврогол на дербито во Виница: Слога убедлива против Вардарски, Тиверија го „распадна“ Карбинци

Овој викенд се одиграа натпреварите од 13. коло од Третата лига – Исток, а дербито на колото се играше во Виница каде ланскиот второлигаш Слога со убедливи 3:0 го доби лидерот Вардарски, на меч каде падна и еврогол, а стрелец на истиот беше Давид Ристовски.

Дербито во Виница можевте да го следите во живо на телевизија М Нет.

Дерби се играше и во Дојран каде Дојранско Езеро со 2:1 славеше над Овче Поле, а во Струмица домаќинот Тиверија го „распадна“ составот на Карбинци кој беше убедливо поразен со 6:0, додека пак Рудар забележа триумф во Берово над Малеш со минимални 0:1.

Лидер останува Вардарски со 27 бодови на своето конто, Овче Поле е втор со 23 бодови, трета е Слога со 20 бодови, но и меч помалку, Дојранско Езеро е на 4. место со 20 бодови. Тиверија е на 5. место со 19 бодови.

Веднаш трастичен пресек на табелата Ударник е не шестото место со девет бодови, колку што има и Рудар кој е седми. Карбинци е претпоследен со осум бодови, а на дното е Малеш исто така со осум бодови.

Александар Ванев, М-Нет