
Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 22. коло од Втората лига, а гледачите на телевизија М Нет имаа можност да проследат два натпревари во живо, оној во Куманово каде Башкими со минимални 1:0 славеше над Детонит Плачковица, и тој во Кочани каде Осогово со 1:0 го доби Новаци.
Беса е веќе сигурен патникот кон Првата лига, екипата на Александар Таневски е на врвот од табелата со 57 бодови на своето конто, Пелистер е сигурен на второто место со 51 бод, а пак во бараж зоната за Втора лига е Детонит Плачковиа со 45 бодови.
Арсими е на 4. место со 40 бодови, Охрид е петти со 36 бодови, Скопје е шести со 35 бодови, Башкими е седми со 34 бодови. На осмото место е Вардар неготино со 28 бодови, Беласица е деветта со 27 бодови, на 10. местото е Кожуф со 25 бодови, Новаци е на 11-тото место со 24 бодови.
Победа се проби на 12-тото место со 22 бодови, Тетекс е на 13-тото место со 21 бод, Осогово и понатаму е во бараж зоната со 20 бодови, Караорман е во зоната за директно испаѓање со 15 бодови како претпоследен, а Саса е на дното со 14 бодови.
Александар Ванев, М-Нет