Ванчо Санев кандидат за градоначалник од ЛДП и ДОМ ЗА Општина Штип

Со кандидат за градоначалник на претстојните избори ќе настапи и коалцијата на ЛДП И ДОМ. За Општина Штип кандидат за градоначалник е Ванчо Санев, кој за градот под Исарот ветува повеќе зеленило, природа, но и грижа за интересите на сите граѓани.

„Реконструкција на водоводната мрежа и замена си сите азбесни цевки со должина од 42 километри. Замена на сите азбесни кровови на училиштата. Ревизија на договорот за концесија на минералните води на Кежовица, обезбедување на бесплатна правна помош на грашаните со ниски примања, како и претварање на месноста Суитлак во вистински бели дробови на градот“ – истакна Ванчо Санев.

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин истакна дека со оваа понуда им се нуди на граѓаните трета алтернативна можност за избор, бидејќи нивната идеја е македонските општини да бидат дом на среќни луѓе.

Кандидатот за градоначалник за Штип од ЛДП и ДОМ  е третиот кандидат, покрај тие во Гевгелија и Прилеп, а Санев е квалитетот кој се нуди за Штип.

На денешното презентирање на кандидатот за градоначалник, Морачанин посочи дека како партија се отворени за соработка со други политички партии, активисти, со експерти од различни област.

Лаура Стојанова М-Нет