
Се уште нема стечај за штипска Баргала. Рочиштето кое требаше да се одржи утринава во Основен суд Штип е откажано за 02 септември. Претседателот на ССМ Дарко Димовски посочи дека имаат сомнеж дека привремениот стечаен управник работи во името на газдите од АД Баргала. И покрај тоа што се незадоволни од одложувањето тој истакна дека борбата продолжува и дека до крај ќе одат за правата на работниците.
„ Голема пристрасност на стечајниот управник. Во ниенден момент не застана на страна на работникот. Еве овие работници што се околу нас и што Државниот инспекторат за труд утврдил дека се не законски отпуштени истиот не сака да ги врати на работа, туку ангажира адвокат против нашите решенија и имплицира дополнителна финансиска помош“ истакна Дарко Димовски, Претседател на ССМ
Вработените од АД Баргала исто така беа присутни пред судот во Штип. Своето незадоволство и револт беше видно искажано бидејќи без пари и средства велат не се живее.
Привремениот стечаен управник не излезе пред медиумите, со придружба Судот го напушти од другата страна. Го баравме и на телефон, но тој не одговори.
Ситуацијата со Баргала достига кулминација со делењето на отказни решени на поголем дел од вработените со што истите останаа и без пари и без работа.
Лаура Стојанова М-Нет